НСДП го зголемува членството

25.06.2010 10:48 | KumanovoNews

 Како резултат на големото незадоволство од она што се сличува во Македонија во секој сегмент од живеењето,во општинската организација на  НСДП добива нови членови. Ова го соопшти претседателка на огранокот Сунчица Јосифовска по синиоќешната редовна седница на Извршниот одбор.

НСДП го зголемува членството

 На мое лично задоволство и на задоволство на партијата сакам да кажам дека имаме и голем број на нови членови кои се придржуваат на нашата партија. Луѓето исплашени за својата егзистенција и егзистенцијата на своето семејство немајќи перспектива во една безизлезна ситуација, бараат решение на своите проблеми-рече Јосифовска.

Таа подсети дека НСДП како дел од опозицискиот фронт кој го сочинуваат 16 различни партии ќе учествува на митингот во недела, бидејќи тоа е добра можност да се искаже револтот за моменталната ситуација во која се наоѓа државата.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk