НСДП во нови простории

26.04.2010 13:48 | KumanovoNews

 Општинската организација на НСДП  во среда во 19 часот ќе одржи трибина на тема "И трудот е капитал", каде меѓу другото ќе се зборува и за проблемот со стечајните работници.

НСДП во нови простории

 На трибината ќе се разговара за актуелната состојба во Македонија, потребата од формирање на опозицискиот фронт и неговата улога во промена на сегашната состојба во сите сегменти на општествениот и политичкиот живот во Македонија. Тито Петковски ќе биде дел од трибината, а ќе учествува Горан Минчев, член на СДСМ и  пратеник. Општинската организација на НСДП ги повикува своите членови и симпатизери  и нивните подржувачи да присуствуваат на  трибината, која ќе се одржи во кружната сала во зградата на поранешен Комитет- рече претседателката Сунчица Јосифовска.

Партиското седиште на НСДП од неодамна е преселено во нови простории во зградата на поранешен Комитет на четврти кат и ќе работи секој ден од 18 до 21 часот.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk