Обдукцијата покажала дека Пешевски не е убиен

31.05.2012 16:08 | KumanovoNews

 Обдукцискиот наод од Инситутот за  судска медицина што попладнево пристигнал во Судот, покажал дека на телото на починатиот Томе Пешевски нема траги од насилство.

Обдукцијата покажала дека Пешевски не е убиен

Поради тоа се претпоставува дека тој  се самоубил,   а не дека е убиен  како што првично се мислеше. 

Неофицијално дознаваме дека од увидот на лице место било утврдено дека влезната врата на куќата во која живеел Пешевски била заклучена од внатре, а отворена била само балконската врта на катот од куќата. Поради тоа се претпоставува дека тој скокнал од терасата. Од задобиените повреди од падот на главата починал на самото место.

Полицијата ќе ги испитува другите околности.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk