“Обединета српска заедница“ го слави “Видовден 2012“

27.06.2012 11:35 | KumanovoNews

 Со низа активности “Обединета српска заедница“ одбележува 623 години од битката на Косово и го слави “Видовден 2012“.

“Обединета српска заедница“ го слави “Видовден 2012“

Ова истовремено е и почеток на одбележување 100 годишнина од Кумановската битка.

Во црквата “Света Троица“,  утре во 9 часот ќе се одржи помен за косовските јунаци.

Во 18 часот попладне ќе се играат финалните натпревари од турнирот во мал фудбал на игралиштето кај Кејот.

Во петок во 20 часот во салата МКЦ “Козјак“ ќе се оддржи Видовденска Академија. Ќе настапи хор и камерен оркестар “Кир Стефан Србин“ од Смедерево и руското културно - уметничко друштво “Славјанка“ од Скопје.

На гостите ќе им се обрати Часлав Јовановиќ, претседател на “Обединета српска заедница“ и амбасадорот на Р. Србија во Македонија,Томислав Ѓурин.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk