Обединетата српска заедница ја одбележа 20-годишнината од НАТО бомбардирањето

25.03.2019 10:20 | KumanovoNews

Обединетата српска заедница во Куманово, вчера во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане,  го одбележа 24. Март – Денот на сеќавање, кога пред 20 години беше бомбардирана Сојузна Република Југославија, од НАТО војската.

Обединетата српска заедница ја одбележа 20-годишнината од НАТО бомбардирањето

Пред присутните говореше претседателот на Обединетата српска заедница, Часлав Јовановиќ.

 „На 24. Март пред 20 години започна најголемата трагедија – крвава драма на нашиот народ, српскиот народ. Сведоци сме ние постарите како беше тогаш, а тие страшни слики сеуште живеат во нашето сеќавање. Веруваме дека тоа долго ќе трае и никогаш нема да избледи. Сите млади кои денеска се со нас, родени после тој лудачки НАТО пир, ќе имаат можност од од записи и документарни филмови да се запознаат со што го сторила НАТО алијансата,- рече Јовановиќ.

Тој додаде дека цели 78 денови летеле ракети и бомби со осиромашен ураниум,  од кои загинале околу 3.500 луѓе, а предизвикани се трајни последици по здравјето на луѓето од целиот регион поради осиромашениот ураниум.

Потоа следуваше поетски рецитал на учениците од Основното училиште „Светозар Марковиќ“ од Старо Нагоричане. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk