Обединетата српска заедница се поклони на Свети Сава

27.01.2011 16:31 | KumanovoNews

Со приредба на учениците од основното училиште „Браќа Рибар„ и „Вук Караџиќ„ беше прославен празникот Свети Сава што го организираше Обединетата српска заедница во Македонија, регионален одбор Куманово.

Обединетата српска заедница се поклони на Свети Сава

Присутните во име на организаторот ги поздрави Часлав Јовановиќ, а на собирот се обрати и амбасадорот на Србија во Република Македонија Томислав Ѓурин, кој го честиташе празникот и ја пренесе честитката од евро-амбасадорот Ерван Фуере. При тоа особено се заблагодари на градоначалникот на Куманово и на неговите соработници за укажаната подршка.

Србите покажуваат дека ги почитуваат својата историја и своите великани, независно во кој период дејствувале, тие се дел од српската традиција. Ова е показател дека српскиот народ може да биде сложен и единствен кога тоа е потребно и да се обединува околу вистинските вредности, кои се традиционални на српскиот народ, а тоа е хуманост, однос кон своите сонародници и народот со кој живее. Посебно би го истакнал добриот однос помеѓу српскиот и македонскиот јазик и двете држави-рече во своето обраќане амбасадорот Ѓурин.

Беседа за Свети Сава одржа директорката на ОУ „Браќа Рибар„ , Розита Благоевиќ, која не го криеше своето задоволство од успешноста и посетеноста на  свеченоста.

На прославата беа доделени наградите на литературниот и ликовен конкурс „Ликот и делото на Свети Сава„ што втора година по ред го организира Коло на Српските сестри. Првата награда ја доби Гордана Стефановска, втора Марио Павловски, а трето наградена беше Сунчица Спасовска сите од училиштето Браќа Рибар.

Централната прослава на Обединетата српската заедница во Македонија и уште неколку невладини организации ќе се одржи утре во селото Кучевиште.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk