Обединети во различностите да одиме напред кон ЕУ и НАТО, порача Пендаровски од Куманово

30.04.2019 13:05 | KumanovoNews

Мојата визија се обединети граѓани, општество без поделби, сигурна и стабилна држава. Како ваш иден претседател ќе се грижам за сите подеднакво. Ќе се залагам за заедништво на сите граѓани независно од нивата националност, јазик, вера, социјална и друга определба, изјави кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски, по денешната средба со претставиците на етничките заедници во Куманово.

Обединети во различностите да одиме напред кон ЕУ и НАТО, порача Пендаровски од Куманово

„Јас силно верувам дека само обединети во различностите, можеме да одиме напред, кон подобра иднина, кон НАТО и ЕУ. Токму затоа ќе бидам претседател кој поттикнува заедништво и меѓусебно разбирање. Во мојот кабинет ќе има претставници од сите етнички заедници избрани според нивната компетентност и професионалност. Кабинетот на претседателот ќе го отсликува нашето мултикултурно општество, - изјави Пендаровски.

Најави дека остро ќе се спротивставам на секоја партија која ќе се обиде да прави меѓуетнички тензии и на сите политики кои повикуваат на поделби и конфликти.

„Помина времето на поделби и црни сценарија. Време е да продолжиме напред и заедно да изградиме силна земја, со обединети и рамноправни граѓани. Ова е тоа што ви го нудам. На 5 мај ги повикувам сите Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци, сите етнички заедници да излезат, да гласаат за заедничка и сигурна иднина, - заврши Пендаровски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk