Обезбеден простор за времено одземените возила

18.04.2012 12:49 | KumanovoNews

 На паркингот на ЈП „Чистота и зеленило„, зад автобуската станица,  ќе се чуваат времено одземените возила, кои ќе ги заплени инспекцијата, затоа што нелегално вршат такси превоз на подрачјето на Општината Куманово.

Обезбеден простор за времено одземените возила

Оваа локација беше одредена од Советот на Општината, а согласно измените на Законот за патен сообраќај, заради нормално работење на инспекторот на патниот сообраќај.

Оние лица кои немаат лиценца за јавен превоз ќе бидат санкционирани, а покрај парична казна им се одзема и возилото во траење од 3 месеци, и истото треба да биде сместено на локација со 24 часовен мониторинг за да не дојде до негово оштетување - вели Верче Лазаревска, раководител на Секторот за инспекциски работи.

За возилата што ќе стојат на паркинг просторот на ЈП „Чистота и зеленило„, сопствениците месечно ќе плаќаат 1400 денари.

Од Секторот за урбанизам најавуваат дека во иднина ќе ги зголемат мерките за отстранување на дивите таксисти и превозници од кумановските улици.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk