Обезбедени средства за проекти во Умин Дол

16.11.2015 11:47 | KumanovoNews

Обезбедени се 32.000 евра од Британската амбасада преку МЦМС од Скопје, за реализација на проекти во село Умин дол.

Обезбедени средства за проекти во Умин Дол

Граѓаните се поделени во групи и ќе треба да одлучат понатаму кој е  нивниот приоритет во кој треба да се инвестира, дали ќе биде тоа за училиште, патишта, јавно осветлување, водовод или канализација.

Најважна работа во оваа реализација ќе биде остварливоста на проектот. Тие ќе бидат реални да сфатат што можат да се реализираат, а што не може. Доколку има нешто што може да се реализира, а сигурно дека според заинтересираноста на самите жители во оваа месна заедница и определување на самите желби што треба во самата месна заедница да се вложи тие ќе видат што всушност е реално, да се оствари. Тогаш приоритет ќе се даде не остварлив проект, доколку има потреба или недостиг од финансиски средства тогаш локалната самоуправа во својот буџет ќе определи кофинансирање на овој проект што ќе се определи од самите граѓани на месната заедница односно селото Умин дол - изјави Валентина Алексовска, секретар на општина Куманово.

МЦМС во партнерство со Британската амбасада оваа година го започна проектот Акции во заедницата. Избрани се кумановските села Умин Дол и Горно Којнаре затоа што имале елаборирано кои се нивните проблеми кои треба да се решат.

Она што сакам да го споделам е дека низ три групни сесии граѓаните ќе дебатираат за своите потреби и приоритети, кои потоа преку предложените решенија и предвидените предлог проекти ќе се направи приоритет односно избор кој на крајот ќе биде и финансиски подржан со околу 25.000 фунти. Јас верувам од она што денеска го видов со масовната посета, интересот кој веќе граѓаните го пројавија дека овој проект ќе биде успешен, пред се затоа што самите граѓани ќе можат да дебатираат, но исто и да носат одлуки за своите приоритети - рече  Димче Митрески, извршен директор на МЦМС.

Програмата Акции во заедницата е специфично скроена, така што секој жител на село може директно да учествува и да придонесува за одлуките. Истиот проект ќе се реализира и во селото Горно Којнаре.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk