Обичаите за Прочка во Техничкото училиште

28.02.2014 16:03 | KumanovoNews

Денеска во техничкото училиште „Наце Буѓони“ се одржа презентација на обичаи за христијанскиот празник Прочка на која присуствуваа ученици и професори од албанските и македонски паралелки.

Обичаите за Прочка во Техничкото училиште

Настанот е во состав на проектот Меѓуетничка интеграција во образованието кој се спроведува оваа учебна година во училиштето. Понатаму ќе се организираат и други активности за одбележување на други значајни датуми и празници на сите етнички заедници на ученици во нашето училиште. Овој настан е втор по ред, веќе е однележан празникот на српската заедница Св.Сава, а во најскоро време на 7 март ќе се одбележи денот на албанскиот учител – вели психолог Дивна Јанкова, кординатор на проектот.

На презентацијата била воспоставена конференциска врска со ССОУ „Коле Неделковски “ од Велес и активностите ги следеле ученици во двете училишта.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk