Обид за грабеж во менувачница ?

22.07.2015 13:41 | KumanovoNews

  Непознато лице наводно се обидело да ограби менувачница во центарот на градот, која се наоѓа спроти зградата на Уред до пералницата за коли.

Обид за грабеж во менувачница ?

 Според очевидци, нападот се случил околу 14 часот, кога момче влегло во објектот и го нападнало вработениот прскајќи го со спреј во очите.  По кратка  расправија, напаѓачот истрчал и си заминал кон Градскиот плоштад. По пат му паднале очилата .

Од полицијата велат дека работат на утврдување на деталите за настанот, по што ќе излезат со информација дали се работи за обид за разбојништво или нешто друго.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk