Обид за обљуба врз вработена во касарната „Боро Менков“

21.11.2019 15:22 | KumanovoNews

Вработена во АРМ пријавила дека колега се обидел да изврши обљуба врз неа.

Обид за обљуба врз вработена во касарната „Боро Менков“

Пријавата во Кумановската полиција била поднесена завчера во 19.20 часот.  Вработената во АРМ кажала дека на 18.11.2019 околу 13.00 часот во касарната „Боро Менков“ во Куманово нејзин колега се обидел да изврши обљуба над неа.

Известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk