Обиена канцеларијата на СДСМ во Младо Нагоричане

29.03.2010 12:46 | KumanovoNews

 Непознати сторители во саботата навечер насилно влегле во партиските простории на СДСМ во селото Младо Нагоричане. Нападот бил извршен ноќта, пред одржување на средба  со граѓаните и не било ништо украдено, туку само се скршени влезните врати.

Обиена канцеларијата на СДСМ во Младо Нагоричане

 Ова е уште еден обид на централната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со нивниот коалиционен партнер ДПСМ, која што ја има локалната власт во нашата општина да внесат страв меѓу членството и симпатизерите на СДСМ. Ова беше неуспешен обид да се спречи членството да дојде на закажаниот состанок во Младо Нагоричане. Сакаме да им порачаме дека ваквите обиди, нема да не спречат во презентирањето на нашата програма- рече Жаклина Јовановска, претседателка на СДСМ во Старо Нагоричане.

 Од партијата апелираа до МВР побрзо да ги пронајде сторителите на овој вандалски чин.

 Знаеме дека не станува збор за крадци, бидејќи не однеле ништо од канцеларијата. Сршени се само катанците и вратите, додека компјутерот, печатачот и другата техничка стока не е чепната. Ова не е првпат да се атакува на нашите партиски простории и затоа бараме сторителите да се најдат. Мотивот е исклучиво да се спречи средбата со граѓаните- рече Максим Димитриевски, член на ЦО.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk