Објавен конкурс за екологија за новинари и фоторепортери

22.07.2014 08:11 | KumanovoNews

Новинарите и фоторепотерите од сите печатени и електронски медиуми до 1 септември можат да конкурираат со фото сторија или новинарски текст поткрепен со фотографии на тема “Еко свест на општеството“.

Објавен конкурс за екологија за новинари и фоторепортери

Конкурсот го распишуваат невладината организација “4х4х4х Балкански мостови“ со поддршка од “Пакомак“ и “Нула отпад“ и целта е преку своите трудови новинарите и фоторепортерите да покажат дека општеството не се грижи доволно за околината.

Стручно жири со претставник од невладина организација, медиум и Министерство за животна средина ќе ги избере најдобрите и нивните имиња ќе бидат објавени на 19 септември кога почнува кампањата “Да го исчистиме светот“. За првонаградениот има парична награда од 25.000 денари, за второ место 15.000 и за трето место 10.000 денари.

Заинтересираните повеќе информации можат да најдат на www.pakomak.com.mk.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk