Објавен конкурсот за избор на сувенир на Општина Куманово

02.10.2020 09:17 | KumanovoNews

 Општина Куманово објави конкурс за избор на сувенир, кој ќе го отсликува карактерот на градот, заради промоција на туризмот. Можат да се пријават сите правни и физички лица, кои ги познаваат одликите на градот и околината.

Објавен конкурсот за избор на сувенир на Општина Куманово

Сувенирот треба да содржи елементите на препознатливност и да ја отсликува традицијата и културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на градот Куманово, да биде прилагоден за масовно производство и наменет за туристичка промоција на градот.

За изработка на сувенирот можат да се користат стабилни и еколошки прифатливи материјали како што се: керамика, камен, метал, дрво, стакло, глина, гипс, текстил и други, а идејната концепција, развојот и начинот на изработка на сувенирот, техничките услови за изработка и материјалот од кој е изработен треба да бидат текстуално образложени.

Краен рок за доставување на трудовите е 20 октомври 2020 година.

 Наградата за најдобриот сувенир изнесува 30.000 денари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk