Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Центарот за култура од Куманово го распиша конкурсот за изложбата „Самоуки 2024“, за неакадемските уметници во Куманово. Заинтересираните можат да се пријават до 27 мај, а изложбата ќе се одржи кон средината на јуни.
Ова е традиционална изложба која е дел од Годишната програма на Центарот за култура.
„Јавно ги повикуваме сите неакадемски уметници, постари од 25 години од општина Куманово да земат учество на оваа изложба конкурирајќи со три дела по сопствен избор. Темата е слободна како и техниката“, стои во повикот.
Селекција на сите пристигнати дела ќе направи стручна комисија при Центарот за култура.
На овој конкурс можат да земат учество сите сликари или вајари кои немаат формално образование во областа на уметноста.
Потребата за традиционално организирање на ваков вид на изложби од страна на Центар за култура во Куманово е утврдено уште на почетокот на деведесеттите години и е резултат на иницијатива на повеќе кумановци – неакадемски уметници кои зад себе имаат сериозна ликовна продукција.
Минатогодишното издание на изложбата предизвика голема заинтересираност, беа изложени 64 дела од 31 автор.
Од Центарот за култура велат дека интересот за оваа изложба е секогаш голем, и кај авторите и кај публиката.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk