Објавен повик за изложбата „Кумановски ликовни уметници“, авторите да се пријават во Музеј Куманово

12.09.2023 09:42 | Жаклина Цветковска

НУ Музеј Куманово и оваа година традиционално ќе ги претстави ликовните уметници од оваа општина во Уметничката галерија, во чест на „11 Ноември“ - Денот на ослободување на градот.

Објавен повик за изложбата „Кумановски ликовни уметници“, авторите да се пријават во Музеј Куманово

Сите автори кои се заинтересирани да бидат претставени на традиционалната изложба „Кумановски ликовни уметници 2023“, се повикуваат да го пријават своето учество во Уметничката
галерија при НУ Музеј - Куманово,надоцна до 15 октомври.

Секој учесник на изложбата потребно е да пријави едно ликовно дело (1) од неговата најнова продукција, по можност да не е изложувано досега.

Изложбата ќе се реализира на 10 ноември годинава, при што ќе биде испечатен и каталог.

Изложбата ја организира Уметничката галерија и е дел од програмските активности на НУ Музеј - Куманово, финансиски поддржана од Министерството за култура, градоначалникот и Советот на
Општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk