Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Јавното претпријатие „Македонски шуми“ го објави повикот за купување на огревно и техничко дрво за следната година.
Цената останува иста - дабот чини 2.450 денари, а буката - 2.370 денари. На тоа се додаваат и 150 денари од метар кубен за испорака. Од јавното претпријатие им гарантираат на купувачите дека цената нема да се менува. Здруженијата и синдикатите имаат рок да аплицираат до 31-ви јануари, додека за граѓаните рокот истекува на 31-ви март.
Од „Македонски шуми“ напоменуваат дека по истекот на рокот нема да примаат апликации. Граѓаните можат да купат дрво на греење со авансно плаќање или плаќање на рати од шест месеци. За ранливите категории предвиден е попуст од 10 отсто доколку дрвото се плати во готовина. Можноста за купување на рати пак е проширена на осум месеци, а испораката за овие категории е бесплатна.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk