Објавен повик за субвенции на занаетчиите за набавка на алати и репроматеријали

18.11.2020 08:57 | KumanovoNews

Министерството за економија го објави јавниот повик за кофинансирање на трошоци на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност со кој се покриваат до 60 отсто од докажаните трошоци за набавка на алати и репроматеријали во 2020 година, но не повеќе од 60.000 денари.

Објавен повик за субвенции на занаетчиите за набавка на алати и репроматеријали

Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2020 година, предвидени  се  средства  во  вкупен  износ од 20 милиони денари. Ќе бидат кофинансирани докажаните трошоци за набавки направени во 2020 година.

Право на учество имаат занаетчии и вршители на занаетчиска дејност кои се регистрирани и ги исполнуваат следните услови: да имаат  деловно  седиште  на  територијата  на државата, најмногу 5 вработени на неопределено работно време, намирени обврски кон државата и вработените.

Крајниот рок за аплицирање по овој јавен повик е до 27.11.2020 година до 14 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk