Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Куманово објави повик за финансирање на проекти за организирање на културни манифестации за наредната 2023 година. Огласот е објавен на веб страната на општината и ќе трае до крајот на месецот, почнувајќи од утре /понеделник/.
„На повикот можат да се пријават и да поднесат апликации сите установи, здрженија, фондации и други правни лица и невладини организации, кои имаат регистрирана дејност во областа на културата. Оние кои ги исполнуваат условите, а се од интерес за унапредување и развој на културата во нашиот град, ќе бидат во дел од програмата на културните манифестации за наредната 2023 година. Затоа ги повикуваме сите заинтересирани да поднесат краток опис на организацијата, краток предлог за конкретна манифестација и опис на активностите кои ќе се преземат и придонесат за наведената манифестација, како и најбитната рамка-потребниот буџет и описот за потребите на буџетот“, изјави Александар Крстевски, раководител на Секторот за култура.
Минатата година на огласот се пријавиле 69 апликанти, а буџетот изнесувал 7. милиони денари.
Годинава селекцијата ќе се врши на друг начин, ќе бидат директно ставени во програмата и ќе се бираат манифестации коиќе имаат најголем придонес за општината.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk