Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општината Куманово го објави повикот за Ноемвриска награда, највисоко општествено признание, кое се доделува по повод 11 Ноември – Денот на ослободување на Куманово.
- Ноемвриска награда се доделува на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија и заедници чие дело односно резултати во работењето и делувањето претставуваат посебно остварување во областите на стопанството и вонстопанските дејности, во текот на едногодишен и повеќегодишен период,- вели Сашо Милковски, претседател на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди во Општина Куманово.
Право на предлагање на кандидати за Ноемвриска награда на Општината Куманово имаат претпријатијата, установите, здруженијата, месните заедници, група граѓани и поединци.
Предлозите за доделување на Ноемвриската награда со образложение во писмена форма да се достави до Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија, најдоцна до 31 октомври годинава.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk