Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Куманово отвори повик за обезбедување на помош за домување на материјално и стамбено необезбедени лица, корисници на гарантирана минимална помош за 2023 година. Повикот е отворен од 10 јануари до 10 февруари 2023. Со мерката општината ги субвенционира во вид на кирија корисниците кои се приматели на гарантирана минимална помош и се стамбено необезбедени.
Потребни документи за пријавата се фотокопија од лична карта, решение издадено од ЈУМЦСР Куманово кое што докажува дека лицето користи право на гарантирана минимална помош, договор за наем на стан/куќа, активна трансакциска сметка и телефонски број за контакт.
Барањата можат да се подигнат во архивата на општина Куманово и на портирница во зградата на поранешен АД „Козјак“ спроти градскиот стадион (Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита) .
Сите подетални информации може да се добијат на телефонскиот број 075/323-569, од 8 до 16 часот секој работен ден.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk