Објавен повикот за субвенции за кирија во висина од 6.000 денари

19.05.2025 16:05 | KumanovoNews

Општина Куманово го објави повикот за субвенционирање на лица како помош при домување, односно субвенционирање на сметките за кирија. 

Објавен повикот за субвенции за кирија во висина од 6.000 денари

Трошоците за кирија ќе се субвенционираат за корисници на гарантирана минимална помош, материјално и станбено необезбедени лица, корисници на социјална сигурност за стари лица и жртви на семејно насилство, кои живеат на територија на општина Куманово, а кои живеат под кирија. Воведена е и дополнителна категорија, на повикот можат да аплицираат и жртви на семејно насилство.

Советот претходно изгласа зголемување на финансиските средства од 3.000 денари. на 6.000 денари за кирија, за секое поединечно барање.

Барањата можат да се подигнат во архивата на општина Куманово и на портирница во зградата на поранешен АД „Козјак“ спроти градскиот стадион.

Потребна документација треба да се достави до архивата на општина Куманово. Повикот е отворен од 15 мај, а ќе трае до крајот на  2025 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk