Објавен повикот за учество на биеналната изложба „Скулптури на новото време“

11.07.2023 12:22 | Оливера Пешевска

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово го објави повикот за учество на скулптори за биеналната изложба „Скулптури на новото време 2023”, која треба да се одржи во септември. 

Објавен повикот за учество на биеналната изложба „Скулптури на новото време“

На изложбата учество можат да земат сите академски скулптори кои живеат и работат во Македонија. Единствен услов во отворениот повик се димензиите кои се строго дефинирани и времето на креирањето на делата.

„Скулптурите да не се со поголеми димензии од димензијата - 70х70x70 см., и да се погодни за транспортирање како и да се изработени во периодот 2020-2023 год. Темата е слободна како и изборот на техниката и материјалот. Секој академски скулптор - учесник може да учествува најмногу со три скулптури“, стои во соопштението.

Изложбата ќе се организира во текот на септември, а по завршувањето скулптурите ќе бидат вратени на авторите.

Поради навремени подготовки заинтересирани академски скулптори (вајари) своето учество треба да го најават најдоцна до 20.август.

„Скулптури на новото време 2023” е проект подржан од Министерството за култура на Македонија, а организатор и координатор на сите активности врзани за оваа изложба е Национална установа Центар за култура „Трајко Прокопиев” - Куманово 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk