Oбјавени конкурсите за ученички и студентски стипендии

04.08.2021 10:20 | Сузана Николиќ

Министерството за образование и наука информира дека се објавени конкурсите за доделување на ученички и студентски стипендии за учебната, односно студиска 2021-2022 година. 

Oбјавени конкурсите за ученички и студентски стипендии

Заинтересираните кандидати за аплицирање, можат да ги погледнат на следниот линк. 

„За најголем дел од категориите на ученички стипендии кои се доделуваа и досега, месечните износи се зголемени за околу 60 проценти, а воедно воведени се и нови категории, од кои, позначајни се оние за ученици кои ќе се запишат во дуални паралелки, во дефицитарни струки или пак во тригодишно средно стручно образование. Исто така зголемени се и месечните износи на поголем дел од студентските стипендии, некои од нив и за над 80%“, соопшти МОН.

Од оваа година, постапката за аплицирање за стипендија е дигитализирана преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk, со што значително се поедноставува начинот на остварување на правото. 

Учениците и студентите кои немаат можност да аплицираат електронски, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по соодветниот конкурс во Министерството за образование и наука.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk