Објавени повици за субвенционирање на трошоци за вода, смет и кирија во Куманово

16.01.2025 08:54 | KumanovoNews

Општина Куманово објавува повик за субвенционирање на трошоци за комунални услуги и повик за обезбедување на помош при домување на материјално и стамбено необезбедени лица.

Објавени повици за субвенционирање на трошоци за вода, смет и кирија во Куманово

Оштината за оваа мерка обезбеди 7 милиони денари.

Право на субвенционирање на сметките за вода и собирање на смет можат да остварат лица со статус на стечајни работници кои не стекнале право на материјално обезбедување, самохрани родители, згрижувачки семејства, деца без родители и родителска грижа, приматели на право на социјална сигурност на стари лица, лица кои се приматели на надоместок поради интелектуална или телесна попреченост, слепо или слабовидно лице, глуво или наглуво лице, како и приматели на право за посебен надоместок на деца. 

Право на субвенционирање на трошоците за кирија од Програма за социјална заштита имаат корисниците на правото на гарантирана минимална помош, материјално и стамбено необезбедени лица . За ова намена се одвоени 550 илјади денари општински буџетски средства.

Барањата за двата повика може да се преземат од архивата на општина Куманово и на портирница  во зградата на  поранешен АД „Козјак“ спроти градскиот стадион.

Повиците ќе бидат отворени од 16 јануари до 16 февруари 2025 година.    

 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk