Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фото-кино клуб „Козјак“ од Куманово ги соопшти резултатите од конкурсот за „ФИЛМАЈ 2024“ фестивалот на краток филм.
Кратките филмови „Жими сè најмило“, режиран од Сам Манакса од Филипини, „Морска сол“ со Захер Јуреидини како директор на фотографија од Чешка, „Синкопат“ (Шпанија) по сценарио на Рамон Лазаро, заедно со најдобриот домашен филм „Само ѓаволот се плаши од вода“ во режија на Лидија Мојсовска, и „Девет сантиметри“ (Русија), се прогласени за најдобри на годинешниот меѓународен конкурс на Фестивалот на краток филмза „ФИЛМАЈ 2024“, кој го организира Фото-кино клуб “Козјак” oд Куманово.
Стручното жири составено од Матеј Матијевиќ (режисер и сценарист), Александар Арсовски (продуцент) и Антонио Димитриевски (актер), одлучи за составот на наградените и официјално селектираните филмови.
Овогодишниот ФИЛМАЈ фестивал ќе се одржи на 29 и 30 мај 2024 во Занаетчискиот дом во Куманово. На двете фестивалски вечери, кои ќе започнат во 20 часот, покрај наградените, ќе бидат прикажани уште 11 официјално селектирани филмови.
Влезот e бесплатен.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk