Облачно и врежливо за викендот, од понеделник пад на температурите

18.11.2022 11:11 | KumanovoNews

Времето денеска се очекуваат да биде облачно со сончеви периоди. Попладне се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, со слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневната температура ќе се движи до максималните 16 степени.

Облачно и врежливо за викендот, од понеделник пад на температурите

Во деновите од викендот се очекува интензивирање на врнежите, претежно во попладневните или вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветар од јужен правец. Температурите ќе бидат слични на денешните. Од понеделник ќе дојде до пад на температурите за 2 до 3 степени. Од вторник врнежите ќе се намалуваат и ќе се сведат на повремени и слаби по интензитет.со темепратури во раните утрински часови се поблиски до нула.Таквото време ќе се задржи во текот на целата наредна недела.

Како што информираат од УХМР земјава ќе биде под влијание на серија на влажни бранови.Времето ќе биде променливо облачно наместа со врнежи од дожд со променлив интензитет. 
    

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk