Облачно и врнежливо денеска

07.02.2017 08:04 | KumanovoNews

 Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, почести до претпладневните часови и на истокот.

Облачно и врнежливо денеска

На планините ќе има повремен снег. Попладне ќе има и краткотрајно услови за појава на ретки грмежи, особено на југоисток. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а попладне слаб до умерен од северен правец.

Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 6 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, повеќе до претпладневните часови. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а од пладне ветерот ќе се менува кон северен и ќе биде поинтензивен. Дневната температура ќе достигне 8 степени.

Нови врнежи од снег во текот на ноќта имало само во Тетово од што е формирана снежна покривка од 6 сантиметри. Во другите делови врнежите биле од дожд од кои најинтензивни во Дојран каде се наврнати 24 литри на метар квадратен, Берово 22, Пожаране 12, Крива паланка 11, Охрид 6, Штип, Битола и Крушево 8, Ѓуриште 7, Куманово, Тополчани, Демир Капија, Претор, Дебар и Струмица 6, Скопје 5, и Гевгелија, Прилеп и Маврово 4 литри.

Утре ќе има почести сончеви периоди, претежно на југот од земјата. Температурата ќе биде во опаѓање, но утринските температури ќе останат околу нулата. На крајот на работната недела ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег претежно на југозапад. За време на викендот малку постудено, а изгледи за повеќе сонце ќе има во недела.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk