Облека и играчки за дечињата од градинката „Бамби“

28.04.2018 07:12 | KumanovoNews

 По повод Недела на солидарност дечињата од градинката „Бамби“ добија облека и играчки.

Облека и играчки за дечињата од градинката „Бамби“

 Хуманитарната акција ја организираше Општинска организација на Црвен крст Куманово во соработка со Основното училиште „Кочо Рацин“ Куманово, каде ученици донираа облека и играчки. Оваа акција се реализира трета година по ред во рамките на училишниот хуманитарен проект „Даруваме радост”.

„Оваа собирна акција беше наменета за децата од Центарот за ран детски развој „Бамби“ и собраните облека и играчки беа поделени во просториите на Црвен крст. Воедно, на учениците од „Кочо Рацин” им беше презентирана и работата на Црвен крст Куманово. Во убава и позитивна атмосфера дечињата имаа можност да се запознаат меѓусебно и на таков начин им подарија насмевка на дечињата од  Центар за ран детски развој „Бамби“, - соопштуваат од Црвен крст.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk