Облека и обувки за сиромашни семејства

02.10.2014 08:33 | KumanovoNews

 Облека и обувки ќе се поделат на сиромашни семејства во Липково и Старо Нагоричане.

Облека и обувки за сиромашни семејства

Помоштта ја донира Здружение на армиски и полициски ветерани, и ќе  биде дистрибуирана на социјално загрозените семејства во двете рурални општини.

 “Ќе има помош за барем 20 семејства. Одизвот на акцијата е добар. Досега сме правеле многу вакви акции, но ова ни е прва акција заедно со Здружение на армиски и полициски ветерани“ - вели Иле Митковски, секретар на Црвен Крст Куманово.

Од Здружение на армиски и полициски ветерани планираат и следните години да прават собирни акции за помош на сиромашните граѓани.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk