Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тешка сообраќајна несреќа напладне се случи на автопатот Куманово - Скопје, во близина на бензинската пумпа Макпетрол во селото Романовце.
При тоа едно лице загина, а четири се потешко повредени.
Според првичните информации, БМВ со кумановски регистарски таблички, кое се движело на автопатот од Скопје кон Куманово удрило во заштитната ограда на коловозот, и неколку пати се превртело. Од здобиените повреди еден од патниците починал, а другите со сериозни повреди се пренесени во кумановската болница. Сите патници во бемвето се роднини од Черкеско село.
СВР Куманово најави повеќе информации во текот на денот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk