Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Моша Б. (54) од населбата Карпош е мажот кој што вчера беше пронајден мртов, во разурнатата зграда на поранешно стрелиште, спроти Спомен Костурницата.
Од кумановското јавно обвинителство велат дека Моша излегол од дома пред два дена, по што најверојатно поради здравствени проблеми паднал и починал. На телото немало траги на насилство и бидејќи се работи за природна смрт нема основ за подигање на кривична пријава. Идентификувањето на починатиот го извршило неговото семејство.
Безживотното тело на човекот вчера околу 14 часот го пронашле момчиња од населбата Средорек, кои веднаш пријавиле во полиција.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.
Очевидци велат дека лицето било облечено во сина работничка јакна, без обувки на нозете и со засукани ногавици.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk