Обновено:Три кандидатури за градоначалник и шест советнички листи поднесени до ОИК

16.02.2013 19:26 | KumanovoNews

До 20 часот во Општинската изборна комисија во Куманово поднесени се три кандидатури за градоначалник и шест советнички листи. Во последните шест часа не е поднесена ниту една кандидатура.

Обновено:Три кандидатури за градоначалник и шест советнички листи поднесени до ОИК

Своите кандидатури не ги доставиле од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА.

 Како што веќе објавивме, кандидатура за градоначалник доставиле од ДУИ,  а советнички листи пристигнале од СДПМ, ДУИ, ДОМ и СДУ.

Ариф Латифи од ДУИ синоќа доставил кандидатура до Општинската изборна комисија Куманово. Кандидатури за градоначалник предходните денови поднесоа и независниот кандидат Виктор Цветковски и Фатри Салиу од НДП.

Во Општинската изборна комисија информираат дека до нив се доставени и 6 советнички листи.  

Советнички листи поднесоа  уште и СДПМ, ДУИ, ДОМ и СДУ. Носител на листа на СДПМ е Бранко Арсовски, носител на листа на ДУИ е Ризван Асани, носител на листа на ДОМ е Олгица Вељковиќ, и носител на листа на СДУ е Александар Денковски. Рокот за поднесување е до 24 часот вечер, потоа ќе оддржиме седница, ги потврдуваме и прегледуваме листите дали се изготвени согласно Изборниот законик.Во случај да има неправилности и недостатоци ќе ги известиме овластените претставници на подносителите на листи во определен рок од 24 часа да ги докомплетираат и да одлучуваме за истите - изјави Душан Серафимовиќ, секретар на ОИК, во 14 часот.

Пред неколку дена, листа на независни советници предводена од Драги Караџински поднесоа група граѓани за опцијата „Кога, а не сега„, ако и НДП со Зенун Исмаили.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk