Обновено: Украдени евра, злато и пиштол од стан на “Октомвриска“

14.02.2014 11:59 | KumanovoNews

Од стан на улица “Октомвриска револуција“ деновиве се украдени 30.000 евра, пиштол и златен накит.

Обновено: Украдени евра, злато и пиштол од стан на “Октомвриска“

Кражбата се случила пред неколку дена додека во станот немало никој. Крадците ја отклучиле бравата на влезната врата и откако влегле во станот го пронашле сефот во спалната соба, кој бил скриен зад уметничка слика. Го откорнале од ѕидот и го однеле без никој да ги види. 

Кражбата ја открил сопственикот Н.С., кога вчера попладне дошол дома. Тој го пријавил случајот во полиција и се трага по извршителите.

Соседите кажуваат дека сопственикот бил повратник од Франција, кој повеќе време поминувал во својата викендичка во селото Младо Нагоричане. Последна во станот била неговата ќерка во понеделникот.

За два месеци ова е второ провалување во станот на ова семејство. Минатиот пат им украле 10 000 евра, а крадците сеуште не се откриени.

При предходната кражба беше скршена и вратата на станот на градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, кој живее на истиот кат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk