Образовниот центaр Визија организира обуки за брзо читање и мудро учење

19.10.2020 10:48 | KumanovoNews

Во образовниот центар Визија од 1 ноември започнува со работа Школа за брзо читање и мудро учење. Наменета е за деца на училишна возраст, кои сакаат со помалку досада, напор и потрошено време да постигнат подобри резултати на училиште.

Образовниот центaр Визија организира обуки за брзо читање и мудро учење

Школата за брзо читање и мудро учење е проект организиран во соработка со германскиот институт „DOOR Training & Consulting“ во Визбаден. Франшизата е развиена и проширена во Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија. Образовниот центар Визија од Куманово, официјално стана носител на франшизата за Школо за брзо читање и мудро учење.

Постојат две обуки, кои се сосема различни една од друга, но даваат извонредни резултати во брзо читање и мудро учење.

- Првата обуката е мурдо учење од прв чекор и наменета е за деца од 7 до 9 години. Оваа обука трае 8 месеци. Целта е подигање на развојните способности на малите деца од оваа возраст, како и помош во совладување на потешкотиите во училиштето – читање, пишување, сметање, организирање и издвојување на важни елементи од материјалот, подигнување на вербата кај децата. Наша задача е да се активираат капацитетите за учење кај децата, при што во фокус се сите работи кои децата на таа возраст може да ги совладаат и со позитивна интеракција да ги обноват и обогатат животните искустава за просторот, времето, за другите, за себе, за возрасните, за школото и животот, - информираат од образовниот центар Визија.

Втората обука е наменета за деца над 9 години. Ова обука трае 6 месеци. Две години по ред е добитник на признание за најголем придонес во областа на образованието на територија на целио Балкан.

Со завршување на двете програми, вашето дете ќе се здобие со:

  - многу поголема брзина во читање

  - зголемена концентрација

  - подобро разбирање на прочитаното

  - побрзо и подолго помнење

  - постигнување на подобри резултати во училиштето

  - лесно презентирање на наученото

  - издвојување на клучни зборови и нивно организирање

  - способност за планско учење

  - развивање на техники кои ќе му помогнат во текот на целиот живот

- На децата им треба поддршка во учењето. Изберете ја вистинската! Дајте им шанса на вашите деца да бидат најдобри кога нивното школување изгледа „малку“ поразлично, - порачуваат од Визија.

Првите групи стартуваат од ноември. Се работи во мали групи до 6 деца. Часовите се во училница, со почитување на мерките за заштита од коронавирусот. Уписот е во тек. Повеќе инфо на: ☎ 072 311 748 или директно во Образовен центар ВИЗИЈА.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk