Обрнете внимание на активностите на децата на социјалните мрежи, апелира МВР до родителите

05.03.2021 08:47 | KumanovoNews

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од страна на Интерпол е добиена информација дека на профили на социјалната мрежа „Тик Ток“ во Русија и Израел се забележани повици за самоповредување на малолетни лица.

Обрнете внимание на активностите на децата на социјалните мрежи, апелира МВР до родителите

„МВР апелира до граѓаните, особено до родителите да обрнат внимание на активностите на своите деца на социјалните мрежи. Спорeд досегашните сознанија, вакви повици нема од профили на наша територија ниту од околните држави, но апелираме на будност и надзор со цел да се избегнат било какви несакани случувања“, соопштува МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk