Обука на книговодители за е-даноци

13.10.2010 14:23 | KumanovoNews

Управата за јавни приходи денеска организираше советување за електронско поднесување на даноци, откако беше воведена новината за електронските услуги.

Обука на книговодители за е-даноци

 Оваа услуга е наменета за сите  правни лица вршители на дејност кои имаат обвраска за поднесување на даночни пријави до УЈП. Преку системот можат да пополнат и испратат даночна пријава, да го следат статусот на пријавите и повратно да ги добијат сите потребни информации и извештаи за поднесените пријави.

Од користењето на е-даноците се намалува административниот трошок за даночните обврзници, се добива на времето, се намалуваат грешките при пријавување на данок и се добива побрза и поефикасна обработка на податоците и наплата на даноците. За да се користи оваа услуга потребно е даночниот обврзник да добие кориснички код од УЈП.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk