Обука на учениците за безбедност во сообраќајот

01.03.2019 13:22 | KumanovoNews

СВР Куманово, отсекот за превенција и безбедност во сообраќајот и училиштата денеска  продолжија со активностите за едукација и обука на училишни сообраќајни единици.

Обука на учениците за безбедност во сообраќајот

Во една од трите вклучени автошколи од Куманово, лиценцирани предавачи на основците им одржаа предавање за начинот на добивањето  возачката дозвола, надгледни средства кои се користат за едукација на кандидатите и потсетување на сообраќајни правила, прописи за регулирање на сообраќајот.

 Целта на обуките е да им се укаже на учесниците во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, да се подигне безбедноста на сите учесници во сообраќјот, но пред се на учениците, изјави Виолета Богдановска од отсекот за превенција.

По обуката, полициските службеници од патниот сообраќај и учениците заеднички извршија контрола и регулирање на сообраќјот во централното градско подрачје. На дел од возачите тие им укажаа на грешките и прекршоците и им поделија едукативни флаери, со што упатија порака сите ученици да ги почитуваат правилата и прописи за  безбедно учество на децата во сообраќајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk