Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Волонтери од 9 до 17 години денеска присуствуваа на првиот тренинг за едукација на млади волонтери што го организираа „Кумановски акцијаши“.
Целта на обуката е младите да се запознаат со функционирањето и начинот на организирање на сите меѓународни релевантни фактори , поаѓајќи од УНИЦЕФ, УНЕСКО, ОБСЕ, како и на дипломатските претставништа кои имаат искуство во волонтеризмот.
Интересот за волонтеризмот е голем кај младите, и тоа кај најмладите. По завршувањето на тренингот се стекнуваат со звање млади аниматори волонтери и ќе имаат право да учествуваат на еден од меѓународните волонтерски кампови ширум светот инаку, секоја година ги има околу 720 кампови“,- изјави Јусуф Љатифи, претседател на „Кумановски акцијаши “
Обуката трае три години, а волонтерите во тој временски период можат да бидат дел од некој меѓународен камп, хуманитарен, еколошки, едукативен или работен, а може да учествуваат и во разни акции и мисии.
Кумановски акцијаши се сместени на улицата „11 ноември “ во просториите на месната заедница Бедиње, со работно време од 18 до 20 часот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk