Обука за проектен менаџмент и ЕУ фондови

25.01.2011 10:44 | KumanovoNews
Викендов во Центар за меѓукултурен дијалог се одржа обука за Проектен менаџмент и ЕУ фондови. .
Обука за проектен менаџмент и ЕУ фондови

 Обуката е дел од проектот  “Активно граѓанство за меѓуетничка соработка”, кој ЦМД го имплементира во соработка со Советот на Општина Куманово и Комисијата за меѓуетнички односи, со подршка на УНДП, преку фондот за милениумски развојни цели

„Целта на обуката беше на  членовите на работните групи кои работат во состав на проектот да се стекнат со знаење за изработка и дизајн на проектни идеи, како и да се предочет можностите на фондовите во чиј состав работните групи можат да реализираат проекти за потикнување на активното граѓанство. Обуката беше водена од Ивана Давидовска и Стефан Маневски, младински работници од ЦМД, и експерти од областа на фондови и проектен менаџмент. Се надеваме дека обуката ќе вроди со позитивни резултати и ќе поттикне реализирање на различни проектни идеи за меѓукултурно обединување и ќе помогне во работата на Комисијата„- изјави Линдита Реџепи, претседател на ЦМД.

 Учесници на обуката беа претставници од Советот, членови на Комисијата за односи помеѓу заедниците и претставници на невладини организации.  Обуката ја посетија и проектните офицери од УНДП кои обезбедија дополнителна подршка на обуката.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk