Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во касарната “Боро Менков“ денеска се одржа обука „Противпожарна заштита, пристап и гаснење на пожар на опожарено возило, како и употреба на апарати и средства за гаснење на пожар“.
Обуката беше наменета за противпожарната екипа од касарната, а ја реализираа професионални пожарникари од Територијална противпожарна единица Куманово.
- Во теоретскиот дел, пожарникарите ги презентираа опасностите што ги предизвикуваат пожарите и што да се превземе за заштита од нив, а во практичниот дел беа покажани постапките на гаснење пожар со противпожарно возило и гаснење на пожар до доаѓање на против пожарно возило итн. Припадниците од ТППЕ од Куманово и од нашата единица покажаа висок степен на обученост, голема ефикасноста, брза реакција - велат од АРМ.
Денешната обука е согласно планот за реализација на обука од доменот на противпожарната заштита за 2014 година.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk