Обука за регионален тим на шампиони

21.05.2013 14:45 | KumanovoNews

  Утре ќе се оддржи работилница на која ќе се зборува за конкурентската предност на регионот.

Обука за регионален тим на шампиони

Територијалната анализа е поттик на регионалната економија преку конкретни и практични предлози и резултати. Процесот на планирање на развојот на Североисточниот плански регион ќе добие и надворешна поддршка. Домашните експерти од фондацијата Преда Плус , ќе нè водат низ процесот заедно со други домашни консултанти, во делот на развојните планирања. Во случајов станува збор за искусна екипа на експерти од повеќе области, кои претходно работеле во Македонија и во соседство  - вели Атина Мургашанска, заменик раководител на Североисточен плански регион.

 На обуката ќе се направи анализа на повеќе сектори и нивната врска со локалните, регионалните, националните и меѓународните пазари.

 Обуката ќе се одржи во хотел “Хармонија“  од 10 до 15 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk