Обука за сметководители во Куманово

03.02.2016 11:50 | KumanovoNews

Во Управата за јавни приходи во Куманово на 10 февруари во 11 часот,  ќе се одржи обука за сметководители.

Обука за сметководители во Куманово

Еднодневната  обука е за теми од актуелни настани кои се значајни за сметководителите и за УЈП, а се од аспект на даночното работење. Сметководителите ќе следат предавање за пресметување и плаќање на данок на добивка и пренос на искажана загуба за наредна година. Обуките се бесплатни, а учесниците треба два дена однапред да се најават.

Вакви обуки од 5 до 14 февруари ќе има во повеќето градови во Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk