Обука за врснички едукатори во Црвен Крст

20.10.2015 08:09 | KumanovoNews

Во просториите на општинската организација на Црвен Крст од Куманово, викендов се одржа обука за врснички едукатори.

Обука за врснички едукатори во Црвен Крст

На обуката учествуваа 15 младинци кои  подолго време се волонтери во Црвен Крст. Учесниците се стекна со вештини и техники за успешно реализирање на едукации.

Инаку врсничка едукација претставува процес во којшто добро обучени и мотивирани млади луѓе извршуваат неформални или организирани образовни активности, со млади блиски по возраст, ставови или интереси. Односно за врсничка едукација зборуваме кога младите луѓе им пренесуваат информации на своите врсници. Врсничката едукација има одредени цели, а тоа се младите да стекнат знаења и вештини како и да развијат способност да препознаат одредени ситуации во кои може да бидат загрозени и да се заштитат од негативни влијанија во средината во која живеат“ - велат од Црвен Крст.

Целта на овие врснички едукатори е да ги поттикнат младите да развијат социјални вештини, да се грижат за своето здравје и друго.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk