Обука за заштита на кучиња скитници

20.03.2012 08:32 | KumanovoNews

 Здружението за заштита на животни Анима Мунди, утре во Куманово ќе одржи обука за решавање на проблемот со прекумерната бројност на бездомни кучиња.

Обука за заштита на кучиња скитници

Обуката во Куманово е прва од серијата што ќе се одржат во повеќе градови, а овозможени се преку грант од програмата CIVICA mobilitas, имплементирана од Центарот за институционален развој CIRА, финансиски поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка SDC.

 На обуката ќе учествуваат претставници од општините и комуналните претпријатија, а ќе се одржи во Центарот за развој на Североисточниот планински регион.

Учесниците ќе добијат примерок од публикацијата на проектот „Нацрт-стратегија за долготрајно регулирање на популацијата бездомни кучиња“ – сестран документ кој ја разгледува оваа проблематика и нуди препораки, оперативни механизми и решенија - прв ваков документ продуциран во Македонија, а воедно ќе им биде доставен Сертификат за учество.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk