Обуки за невработените од Старо Нагоричане

27.10.2014 09:35 | KumanovoNews

Во просториите на општина Старо Нагоричане во четврток ќе се одржи обука за невработените лица, корисници на социјална помош.

Обуки за невработените од Старо Нагоричане

Невработените ќе имаат можност да се запознаат со мерките за вработување кои ги нуди Владата. Се очекува на обуката да присуствуваат триесетина жители на општина Старо Нагоричане. Обуката ја организираат Агенција за вработување на Македонија, општината и Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ РЕД.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk