Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Основното јавно обвинителство Куманово поднесе обвинителен акт за убиство против Б.И. осомничен за прегазување на Алмир Алиу(4) во близина на Здравствениот дом во Куманово .
Во соопштението од Обвинителството објавено денеска, воедно се посочува дека против три други лица е поднесено обвинение за насилство.
Обвинетиот на 25 јуни годинава заедно со неговата девојка чекал ред во здравствениот дом во Куманово и се скарал со родителот на Алмир за непочитување на ред, по што расправијата продолжила надвор од Здравствениот дом, кога членови на семејството Алиу го нападнале Б.И. и неговиот брат. Обвинетиот со својот автомобил марка „мерцедес“ се обидел да ги прегази мајката, таткото и 4-годишното дете, кое од здобиените повреди почина.
Братот на обвинетиот, тогаш тврдеше дека бегале од групата граѓани. Постапката се водеше како итна, а беше побарано и невро-психијатриско вештачење за пресметливоста на обвинетиот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk