Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Кумановскиот суд вчера, експресно, започна и заврши судењето на Бекир Незири (42) од Витина, Косово, државјанин на Република Франција, осомничен за убиството на таткото на неговата бивша сопруга и за обид за убиство на нејзиниот брат во кумановската населба Тоде Мендол.
На главната расправа Незири ја признал вината за кривичните дела убиство и убиство во обид за кои е обвинет, но во завршните зборови изразил жалење и каење за она што го сторил.
Според обвинението, Незири и неговата сопруга воделе бракоразводна постапка, а недоразбирањето било околу старателство над детето. Критичниот ден, 27 јули минатата година, обвинетиот, кој живеел и работел во Швајцарија, дошол да го земе синот, по што настанала расправија со членовите на семејството. Во еден момент зетот извадил пиштол и смртно го ранил дедото, а тешко го повредил шурата. Вечерта по убиството пронајден е напуштен автомобил БМВ во липковското село Никуштак, а Незири, најверојатно, пребегал во Косово. Подоцна е уапсен, по распишана меѓународна потерница и екстрадиран во Македонија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk