Обвинителството со детали за убиството на таткото и синот во Слупчане

22.04.2019 10:21 | KumanovoNews

Основното јавно обвинителство Куманово извршило увид на местото во село Слупчане, каде синоќа беше пронајдено возило кон кое биле истрелани повеќе куршуми.

Обвинителството со детали за убиството на таткото и синот во Слупчане

 На увидот било констатирано дека во патничкото моторно возило во кое се наоѓале две лица, возач и неговото осумгодишно дете, е пукано од близина. Двете лица биле смртно повредени и починале на лице место.

„По насока на надлежен јавен обвинител, увидната екипа на Министерството за внатрешни работи ги обезбеди и подигна трагите од лице место и истите ќе бидат предмет на натамошно вештачење. Пронајдени се и подигнати поголем број испукани чаури преку чие вештачење се очекува да се утврдат битни факти во предметот. Ќе биде извршено вештачење и на возилото на кое се видливи повеќе траги од напад со огнено оружје. Издадена е и Наредба за вршење обдукција на телата на починатите“, - соопштуваат од ОЈО Куманово.

Основното јавно обвинителство Куманово во континуитет презема дејствија со цел целосно расчистување на настанот.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk